Агентот Роберто Календа, објави дека нема шанси неговиот клиент Виктор Осимен да си замине од Наполи. Со ова, згаснуваат надежите на Кристијано Роналдо дека може да заигра за еден од четирите италијански претставници во Лигата на шампионите.
Имаше информација дека на Манчестер јунајтед му се нуди да го купи Осимен, а Црвените ѓаволи да го испратат Роналдо на позајмица во Наполи.
„Нема ни преговори, но трампа. Виктор е играч на Наполи и сака да игра за клубот во Лигата на шампионите, затоа што со гордост се избори за тоа на терен, со соиграчите и тренерот“ – напиша Календа на Твитер.