Кевин де Бројне, репрезентативецот на Белгија, и официјално останува во Манчестер сити најмалку уште една сезона, односно до крајот на актуелниот договор, кој му завршува следното лето. За него ова ќе биде десетта сезона во дресот на Граѓаните, во кој се радуваше дури на 15 трофеи.
Иако медиумите од Островот долго пренесуваа информации дека фудбалерот ги договорил личните услови со Ал-Итихад од Саудиска Арабија и останува само уште клубовите да се договорат, сепак Де Бројне одлучил дека „сè уште му е рано да оди во пензија“, мислејќи на трансферот на Блискиот исток.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1815076554201866487?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1815076554201866487%7Ctwgr%5E9578ee4a1857ce017e7259baa924af4218f4c6be%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fmajstora-cemo-gledati-i-dalje-na-velikoj-sceni-de-bruyne-ostaje-u-cityju-jos-jednu-sezonu%2F240722007