Ништо од Тотенхем, Тен Хаг официјално го продолжи договорот со Ајакс

Ерик Тен Хаг останува тренер на Ајакс до 2023 година, и со ова негово денешно продолжување на договорот со Копјаниците, дефинитивно се знае дека Тен Хаг нема да биде нов тренер на Тотенхем, како што најавуваа некои англиски медиуми.

Тен Хаг седи на клупата на Ајакс на 1 јануари 2018 година, и има одлични резултати, па 51-годишниот стручњак реши да остане во клубот уште барем две години. Договорот му беше до 1 јули 2022, а денеска го продолжи за уште една сезона.

Ајакс е пред освојување на 35-тата титула, трета со Тен Хаг на клупата.„Сакаме да работиме на формирање на успешен и атрактивен Ајакс. Среќен сум тука, знам што треба да се направи како следни чекори. Ајакс се врати на интернационалната мапа, но сакаме уште повеќе. Сакаме да ги предизвикаме топ клубовите во Европа“ – рече Тен Хаг кој пред две години го однесе тимот до полуфинале во Лигата на шампионите со состав од кој никој не очекуваше таков успех, а беа блиску и до финалето и сега голем број играчи од таа генерација се ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести