Преговорите помеѓу Аталанта и Фенербахче околу еден од најдобрите африкански фудбалери, Адемола Лукман, уште не се прекинати, иако имаше такви информации синоќа.
Нигериецот можеби сепак ќе го облече дресот на најпопуларниот турски клуб, објавуваат италијански медиуми.
Фенер многу го посакува Лукман во своите редови, се договорија околу платата (9 милиони по сезона), а отштетата треба да биде 40 милиони евра, сега се преговара само начинот на исплата. Аталанта бара веднаш да се платат 25 милиони, додека турскиот клуб би сакал да ги почитува претходно договорените услови.
Ако Лукман остане во Аталанта, од тимот ќе треба да си замине Камалдин Сулемана, за кого има интерес од Наполи и Рома.

