Дони Ван Де Бек нема да ги следи стапките на Френки Де Јонг и Матајс Де Лихт. Двете млади холандски ѕвезди летово го напуштија Ајакс и се преселија во Барселона, односно Јувентус, но тоа нема да биде случајот со Ван Де Бек.
Играчот за врска беше во исчекување на трансферот во редовите на Реал Мадрид, но преселбата во Шпанија засега ќе остане само сон. Зинедин Зидан наводно го стопирал трансферот, а холандските медиуми информираат дека челниците на Ајакс успеале да го убедат својот бисер да остане во клубот уште оваа сезона.
Причината за ваквиот потег на Зидан е што тој го преферира Пол Погба, а Ван Де Бек е само алтернатива. До крајот на преодниот рок останува уште две недели, а тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг, посочи дека треба да се случи нешто лудо за Ван Де Бек да го напушти клубот.