14.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Ништо од трофеј: Вистински дебакл за Меси и другарите во финалето од Лига купот (Видео)

Интер Мајами доживеа вистински дебакл во финалето од Лига купот на Северна Америка откако загуби од Сиетл саундерс со убедливи 3-0. Иако Меси и другарите беа големи фаворити и од нив се очекуваше да дојдат до трофејот, сепак тој ќе ги краси витрините на екипата на Сиетл, која, за жал, настапи без Македонецот Даниел Дени Мусовски, кој е суспендиран поради директниот црвен картон во четвртфиналето против Пуебла.

Она што посебно изненадува е фактот дека Интер Мајами не упати ниту еден удар во рамките од голот на противникот, иако имаше посед на топката од 68 %, но и вкупно 10 обиди, од кои половината завршија во гол-аут, а другата половина беа блокирани.

- Оглас -

Најнови вести