Ништо од жалбата, Сон ќе паузира три натпревари

Сон Хеунг-мин, офанзивецот на Тотенхем, доби суспензија од три натпревари за заработениот црвен картон во градското дерби против Челзи изминатиот викенд. Клубот поднесе жалба за суспензијата, но англиската ФА ја одби, па сега Мурињо не ќе може да смета на својот клучен играч за утрешниот дуел против Брајтон на Боксинг деј, како ниту против Норвич и Саутхемптон.

Сон замина на рано туширање по еден дуел со дефанзивецот Рудигер, а при пад се обиде да го удри со копачките во пределот на ребрата. Судијата Тејлор по консултација со ВАР-собата, му покажа црвен картон, оставајќи ги соиграчите на цедило во поразот од 0-2 против Сините.

Ова е втор црвен картон кој Сон го заработи сезонава. Претходно беше исклучен во мечот против Евертон, кога во дуел му ја скрши ногата на Андре Гомес, но Дисциплинската комисија тогаш ја смени одлуката.

- Оглас -

Најнови вести