Ништо специјално кај Палермо – Нов чекор назад во битката за Серија А

Палермо направи нов кикс на патот кон директен пласман во Серија А, ремизираше со Специја 2:2 и сега е далеку од двете позиции кои гарантираат настап во Калчото следната сезона.

Илија Несторовски и Александар Трајковски полека, но сигурно треба да се подготвуваат за баражот, бидејќи нивниот тим заостанува за 4 бода зад Бреша и Лече, а до крајот на шампионатот во Серија Б има само уште две кола.

Денеска на „Ренцо Барбера“ Несторовски беше стартер и го одигра целиот меч, а Трајковски како резерва влезе во игра во 76. минута. Но, се што беше интересно се случи во првото полувреме.

Специја поведе со погодокот на Маџиоре во 30. минута, потоа Палермо со головите на Јајало и Морео направи пресврт, но повторно Маџиоре го најде патот до мрежата на домаќините и со нов гол во 44. минута израмни на 2:2.

Палермо во продолжението се обиде да го фати последниот воз за првите две места во лигата, но не успеа да постигне барем еден гол за победа, па сега ќе мора да оди по потешкиот пат до Серија А.

Шест клуба рангирани од третата до седмата позиција ќе играат плејоф за уште едно место во повисок ранг, покрај веќе речиси сигурните Бреша и Лече, кои се враќаат во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести