Ница прибира искуство – По Шмајхел, потпишува и Ремзи

Ница наскоро ќе го официјализира трансферот на искусниот голман Каспер Шмајхел од Лестер, за сума од еден милион евра, а потоа треба да ја заврши работата и со Арон Ремзи.

Велшанецот треба да биде шесто засилување на францускиот прволигаш, а околу целиот трансфер наскоро ќе се обелоденат повеќе детали. Инаку Ремзи остана без клуб откако минатата недела стави крај на соработката со Јувентус, една година пред истекот на неговиот договор.

Ница на Ремзи му гарантира статус на првотимец, што е од голема важност за играчот за врска да изгради натпреварувачка форма во пресрет на неговиот настап со Велс на Мундијалот во Катар. Инаку, поголемиот дел од кариерата ја мина во Арсенал како клупски талент, додека во Јувентус не се снајде и минатата полусезона беше на позајмица во Ренџерс.

- Оглас -

Најнови вести