Реал Мадрид се избори за пресврт и победа на гостувањето кај Армани Милано со конечни 78:73. Кралевите надополнија -17 поени негатива и ја запишаа 21-та победа во Евролигата продолжувајќи ја понедлничката низа на шест меча.
Празната сала „Медиоланум“ воопшто не им помогна на Манекените, очигледно им недостасуваше поддршката на навивачите за да ја задржат двоцифрената предност од првото полувреме. Милано ја доби првата четвртина со 25:11, на стартот од втората делница имаа и највисоки +17, а потоа гостите направија фантастична серија од 20-0 и дојдоа до израмнување. Иако Милано повторно дојде до двоцифрени +14, клучниот период беше во знакот на Кралевите, кои го добија со 32:18 и се изборија за пресврт.
Фернандес застана на 16 поени, по 13 дадоа Томпкинс, Таварес и Лапровитола, додека од составот на домаќините се истакна Мораскини со 21 поен.
Во останатата вечерашна пресметка Асвел славеше со 72:65 против Валенсија.