И дефинитивно, екипата на Арсенал останува премиерлигашки лидер, откако Ливерпул не успеа да го победи Манчестер јунајтед во големото дерби и одиграмо само без голови, 0-0.
“Црвените“ од Енфилд упатија дури 34 удари кон противничкиот гол, од кои осум беа во рамките на голот, но гостинскиот голман, Онана, сосема заслужено го доби признанието за играч на натпреварот, бидејќи не дозволи да биде совладан.
Во 94-тата минута, фудбалерот на Манчестер јунајтед, Диого Далот, заработи втор жолт картон, автоматски и црвен и ги остави своите соиграчи со човек помлалку на теренот да се изборат за голем бод од “Енфилд роуд“.