Душан Тадиќ нема да потпише ниту за Атлетико Мадрид, ниту за Бенфика. Ова се последните информации кои ги лиферуваат медиумите во Србија. Иако првично се најавуваше сензационален трансфер во редовите на Јорганџиите, а потоа и во Бенфика, Србинот нема да потпише ниту во Шпанија, ниту во Португалија.
Тоа би значело дека Црвена ѕвезда повторно е во пол-позиција за неговиот потпис, но и за рекордниот трансфер во Србија. Такви се најавите и од првиот човек на „црвено-белите“, Звездан Терзиќ, кој вели дека контактирал со Тадиќ и дал отворена понуда да се пресели во Белград до први септември, кога завршува преодниот рок во Европа.
Терзиќ вели дека нема да притискаат, понудата е на маса и ќе чекаат самиот Тадиќ да одлучи дали ќе потпише за поранешниот европски шампион.