Ниту Баерн, ниту Барселона: Германскиот дефанзивец потпишува за Реал Мадрид!

Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, на крајот од оваа сезона станува слободен фудбалер и долго се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен или Барселона. Германскиот репрезентативец е интересен на трансфер-пазарот, бидејќи може да биде ангажиран без обесштетување, но се чини дека ќе има пресврт.

Сега во прв план за неговиот потпис изби Реал Мадрид, а како што тврди „Марка“, Тах одлично се вклопува во визијата на „кралевите“, а веројатно голема улога има и најавата дека нов тренер на Реал ќе биде Чаби Алонсо, со кого соработува и во Баер Леверкузен.

Вредноста на Тах се проценува на 30 милиони евра, а 29-годишниот дефанзивец има одиграно 35 натпревари за репрезентацијата на Германија. Во својата кариера освен за „фармацевтите“ од Леверкузен, настапуваше и за Хамбургер и Фортуна Дизелдорф.

- Оглас -

Најнови вести