Долго се најавуваше дека Душан Влаховиќ ќе биде замената за Роберт Левандовски, но се чини дека тоа нема да се случи. Србинот настојува да се пресели во Премиер лигата, а од таму интерес има од Челзи и од Тотенхем.
Сините во моментов се во предност, додека Тотенхем од сенка ја чека својата шанса. Влаховиќ ја фаворизира англиската лига поради бонусот кој би го добил како слободен фудбалер.
За Србинот има интерес и од Серија А, од миланските ривали Интер и Милан, но нема да има ништо и од негово останување во италијанското првенство. Неуспешно завршија и обидите на Јувентус да го продолжи договорот со играчот за кого платија неверојатни 84 милиони евра на Фиорентина.

