Ниту Бонучи не може да им одолее на петродоларите, но наместо во Саудиска Арабија, ќе се пресели во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец на Јувентус и на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи, нема намера да оди во пензија и најверојатно нема да им одолее на петро-доларите на богатите шеици од Саудиска Арабија, но наместо на Блискиот Исток, ќе заврши во Премиер лигата.

Бонучи веќе најави дека следната сезона ќе му биде последна во кариерата, но според Калчомеркато, дефанзивецот нема да ја одигра во дресот на Јувентус, туку во црно-белиот дрес на Њукасл чиј сопственик е државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.

Според италијанскиот медиум, агентите на дефанзивецот веќе одржале средба со претставници на управата на Њукасл, која поминала во добра атмосфера и се очекува во најскоро време, тој да се пресели во Премиер лигата.

Њукасл пред неколку дена веќе донесе големо засилување од Серија А, за 75 милиони евра го купи Сандро Тонали од Милан.

- Оглас -

Најнови вести