Карло Анчелоти и Реал Мадрид имаат активен договор до летото 2026-та, но се поизвесно е дека италијанецот на крајот од оваа сезона ќе замине во пензија и ќе се одалечи од фудбалот. Флорентино Перес веќе се подготвува за назначување на негов наследник, а најголеми фаворити се Чаби Алонсо и Јирген Клоп.
Сепак, се чини дека ниту едниот, ниту другиот, ќе го наследи Анчелоти. Размислувањата на Перес се во насока по третпат на клупата на „кралевите“ да го врати Зинедин Зидан, легендарниот фудбалер, кој како тренер работеше само во Реал Мадрид и тоа со исклучителен успех.
За тоа говори и фактот дека славниот французин ги одби сите понуди кои стигнаа до него и ја чека вистинската прилика да се врати во фудбалот, а тоа се чини дека ќе биде повторно во Реал Мадрид.