Ниту Чаби Алонсо, ниту Солари: Легендарен играч на Реал ќе ја наследи клупата од Карло Анчелоти

Карло Анчелоти многу веројатно ја одработува својата последна сезона на чело на Реал Мадрид, а се шпекулира дека во случај на лоши резултати би можел да го напушти клубот и предвреме. Неколку имиња се поврзуваат со можноста да го заменат, но според најновите информации, легендарниот Раул Гонзалез е еден од фаворитите за преземање на клупата на Кралевите.

Реал оваа сезона игра со променлива форма, особено во Лигата на шампионите, што ја доведе во прашање позицијата на Анчелоти. Иако Италијанецот има договор до летото 2026 година, се претпоставува дека клубот ќе бара ново решение веќе од следната сезона.

Ако Анчелоти добие отказ пред крајот на сезоната, Сантијаго Солари е подготвен како привремена опција. Сепак, сè почесто се споменува Раул, иконата на клубот, како долгорочно решение.


Раул моментално ја води екипата на Кастиља (вториот тим на Реал Мадрид) и има голема поддршка од клубот поради неговата посветеност и резултати.

Раул, кој играше за Реал Мадрид од 1994 до 2010 година, е еден од најголемите играчи во историјата на клубот. Со 741 настап, 323 гола и 133 асистенции, тој е симбол на Кралевите.


Од 2018 година, Раул работи во клубот, прво како тренер на младинските категории, а потоа и на Реал Мадрид Кастиља, што го прави подготвен за предизвикот да го преземе првиот тим.

Покрај Раул, меѓу кандидатите за нов тренер се споменуваат и Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Алваро Арбелоа и Сантијаго Солари. Чаби Алонсо се смета за скап избор, но неговиот тренерски талент привлекува големо внимание.

Без оглед на тоа кој ќе го преземе тимот, предизвикот да се води Реал Мадрид останува огромен. За Раул, ова би била уникатна шанса да го води клубот во кој го помина најголемиот дел од својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести