Женската одбојкарска репрезентација на Турција за првпат во својата историја стигна до титулата европски шампион. Тие во финалето на Европското првенство во Брисел ја совладаа Србија со 3-2.
Одбојкарките на Србија одлично го започнаа мечот и го освоија првиот сет со 27-25. Во вториот сет Турција израмни на 1-1, откако го освои сетот со 25-21.
Следуваше ново водство на Србија, која го доби третиот сет со 25-22, а турчинките со ист резултат вратија во четвртиот сет за израмнување на 2-2.
Во последниот сет Турција победи со 15-13 и ја оправда фаворитската улога во ова финале.
Бронзениот медал на Европското првенство го освоија одбојкарките на Холандија, кој ја совладаа Италија со максимални 3-0.