21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ниту еден од четирите најдобри тима во Шпанија не победи

Фаворитите во шпанското првенство немаа многу мотиви да одиграат победнички, па освоија само по еден бод во мечевите од 37 коло. Шампионот Реал Мадрид на гости кај Кадиз одигра 1:1, тим кој се бори да не испадне.

Реал играше во комбиниран состав, без Бензема, Модриќ, Куртоа, Винисиус Јуниор, па бодот е и добар.Кадиз може да жали што не славеше над шампионот, затоа што домаќините промашија пенал за водство преку Негредо во 61 минута.

Барселона на гости кај Хетафе одигра без погодоци, додека во дербито на колото, Атлетико Мадрид и Севилја ремизираа 1:1. Со овој бод Јорганџиите и дефинитивно си обезбедија место во Лигата на шампиони за следната сезона, додека Севилја во последното коло треба да го потврди четвртото место на табелата.

Резултати: Атлетик Билбао – Осасуна 2:0, Атлетико Мадрид – Севилја 1:1, Бетис – Гранада 2:0, Кадиз – Реал Мадрид 1:1, Селта Виго – Елче 1:0, Хетафе – Барселона 0:0, Леванте – Алавес 3:1, Мајорка – Рајо Вајекано 2:1 и Вилјареа – Реал Сосиедад 1:2.

- Оглас -

Најнови вести