14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Ниту Халанд, ниту Салах: Руни ги одбра најдобрите тројца фудбалери во Премиер лигата

Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни, уште еднаш се најде во центарот на вниманието на Островот, овојпат со изборот на најдобрите тројца фудбалери во Премиер лигата.

Руни помеѓу најдобрите не ги ни спомена Ерлинг Халанд или Мохамед Салах.

Ова е изборот на Вејн Руни:

  1. Антоан Семењо (Борнмут)

„Мислам дека игра одлично за Борнмут. Само ја продолжи формата која ја имаше минатата сезона“, гласи објаснувањето на Руни.

2. Брајан Мбеумо (Манчестер јунајтед)

„Мислам дека навистина беше добар за Манчестер јунајтед, дури и по тешкиот почеток на клубот. Мислам дека навистина беше добар“, вели Руни.

3. Виктор Ѓекереш (Арсенал)

„Како трет би го избрал Виктор Ѓекереш. Арсенал со години бараше вистинска деветка. Неговата одлучност, работната етика и способноста да ја задржи топката се добри. Постигна и неколку голови“, го објасни својот избор Вејн Руни.

- Оглас -

Најнови вести