Фиорентина ги осигури услугите на централниот дефанзивец Никола Миленковиќ продолжувајќи го неговиот договор до јуни 2027 година. Српскиот стопер беше на радарот на двата италијански гиганти Интер и Јувентус, меѓутоа повеќе не можеше да чека разврска околу неговата иднина, па го стави својот потпис на новиот договор.
„Верувам во амбициите на овој клуб. Растат од година во година, а тоа за мене е најважно. Плус добив гаранции дека ќе бидам од голема важност за тимот. Долго време размислував што ќе правам и сега сум сигурен дека ја донесов вистинската одлука“, истакна Миленковиќ на денешната прес-конференција.
Србинот имаше дозвола од управата да го напушти клубот ова лето доколку на адреса стигне понуда вредна 20 милиони евра. Интер и Јувентус разгледуваа повеќе опции, Никола не им беше приоритет, па затоа стоперот се одлучи да остане во Фиренца.