Ниту „Јане Сандански“ не му помогна на Металург

Металург претрпе убедлив пораз од Мешков Брест со конечни 34-28. Во средбата од 11. коло во СЕХА лигата, екипата од Автокоманда втор пат сезонава загуби од белорускиот тим, ниту СЦ „Јане Сандански“ не им помогна да го избегат деветтиот пораз, четврти последователен.

Домаќините и по првите 30 минути се најдоа во негатива (16-13), ракометарите на Мешков од стартот го презедоа резултатот во своја корист. Трите гола разлика не беа недостижни за Металург, меѓутоа противникот продолжи со исто темпо и во вториот дел, па тие +3 на крајот станаа и +6 за гостите.

Рибеиро со осум погодоци се истакна како најефикасен од редовите на Металург, Томовски и Даниловски запишаа по пет интервенции. Перфектниот Ивиќ со 10/10 го предводеше тимот на Мешков до шестиот триумф во оваа сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести