Ниту Јорганџиите не ја освоија „Месталја“ (видео)

Стартот на 24-тото коло во Ла Лига се одбележа со ремито од 2-2 меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид. Лилјаците и во 13-от овосезонски меч на домашен терен останаа непоразени, нивниот биланс е 7 победи и 6 ремија пред своите навивачи.

Иако избраниците на Диего Симеоне во два наврати имаа резултатска предност, домашниот состав ја анулираше истата прво преку Габриел во 40-тата минута, а потоа и преку Кондогбија во 59-тата минута. Љоренте е играчот кој заби за Јорганџиите во 15-тата минута за 1-0, а Томас пред паузата стрелаше за 2-1.

Атлетико по ова коло ќе остане на четвртата позиција на табелата со 40 бода, додека Валенсија се приклучи во трката за топ 4 со 38 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=MBccBA16sZA&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести