Ниту Куртинаитис не може да го разбуди Химки од „баварскиот кошмар“

Баерн Минхен рутински го совлада Химки со конечни 71:60 за вкупно 10-ти триумф сезонава во Евролигата. „Баварците“ воедно ја забележаа шестата последователна победа над тимот од Москва, односно во три сезони по третпат успеаја да остварат двојна победа над Химки.

Химки тргна одлично, го освои првиот период со 28:10, а потоа следуваше колапс. Во следните три четвртини избраниците на Римас Куртинаитис постигнаа вкупно 32 поени, додека Баерн ја презеде контролата во второто полувреме и до крајот се избори за позитиен исход. Враќањето на Куртинаитис на клупата на Химки не тргна според планот, во неговиот 300-ти меч како тренер на овој тим го претрпе 83-от пораз.

Дерик Вилијамс со 20 поени се истакна како најефикасен во составот на Баерн, а во својот учинок додаде и пет скока. Лучиќ заврши со 15 поени, Џедовиќ додаде 10. Кај поразените, најсрасположени беа Мики и Томас со по 13 поени.

Дарушафака стигна до само третата овосезона победа во Евролигата, откако со конечни 80:75 го совлада тимот на Басконија. Турскиот тим ја прекина серијата од четири порази, додека Басконија со овој 11-ти пораз си го загрози седмото место на табелата.

Даглас со 21 поен беше најефикасниот кошаркар на Дарушафака, Ерик заврши со 18 поени. Кај гостите, со 18 поени Џенинг беше најдобар.

 

- Оглас -

Најнови вести