Репрезентацијата на Германија го забележа и вториот пораз на пријателските средби во ноемврискиот прозорец на ФИФА. Откако пред три дена загубија од Турција на домашен терен со 2-3, Германците вечерва загубија и од Австрија со 2-0 во Виена.
Головите за победа на Австрија беа дело на Сабицер во 29-тата минута и на Баумгартнер во 73-тата минута.
За Германија ова беше 11-ти пријателски натпревар по Светското првенство во Катар, кои им користат како подготвителни за настапот на Европското првенство следната година, на кое ќе бидат домаќини. Германците забележаа три победи (Перу, Франција и САД), двапати одиграа нерешено (Украина и Мексико) и забележаа дури пет порази (Белгија, Полска, Јапонија, Колумбија, Австрија и Турција). На овие 11 натпревари, од клупата ги предводеа дури тројца селектори – Флик, Фелер и Нагелсман.
Резултати:
Австрија – Германија 2-0
Ирска – Нов Зеланд 1-1
Полска – Летонија 2-0