Ниту по тешкиот пораз од Милан, Пирло не размислува за оставка

Милан му зададе тежок удар на Јувентус во вчерашното дерби во кое славеше во Торино првпат по 10 години пауза. За шлаканицата од Росонерите, Андреа Пирло ја презеде сета одговорност, меѓутоа не размислува за оставка од тренерската позиција, иако на три кола до крајот пласманот во ЛШ е загрозен за Старата дама.

„Овој тим има фанстастични играчи, но очигледно нешто не е во ред. Јас ја преземам одговорноста за лошите резултати бидејќи знам дека можев и требаше подобро да ја одработам задачата. Сепак, не размислувам за оставка, тука сум сè додека клубот има доверба во мене. Имаме уште три натпревари да ја оствариме целта, работата не ни е заршена“, истакна Пирло.

По 35 натпревари, Јувентус е на петтото место на табелата со 69 бода, пред нив е Наполи со бод повеќе, додека Милан и Аталанта се на делба на втората позиција со по 72 бода.

- Оглас -

Најнови вести