34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Ниту Реал, ниту Барса: Халанд станува најплатениот фудбалер со неделна плата од 600 илјади евра

Ерлинг Халанд ќе биде една од најголемите трансфер-ѕвезди во наредниот преоден рок, заедно со Килијан Мбапе.

И додека сите говорат дека Французинот потпишал договор со Реал Мадрид, за Норвежанецот е непознато каде ќе ја продолжи кариерата. Неговиот агент Мино Рајола преговара со неколку клубови, а последните информации велат дека Халанд ќе го смени Дортмунд со Манчестер.

Сити на Пеп Гвардиола е заинтересиран за напаѓачот и наводно му нуди неверојатна плата од 600 илјади евра. Медиумите тврдат дека Рајола е расположен за продажба на играчот, но и дека барал навистина голема отштета за него при реализација на трансферот.

Останува да се види дали моќните сопственици на Манчестер сити ќе се согласат на условите и од наредната сезона Халанд ќе го гледаме во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести