Кристијан Ериксен нема да го чека крајот на сезоната за да го напушти Тотенхем. Данецот одлучи да притисне за трансфер во зимскиот преоден рок, а според медиумите од земјата од каде што потекнува, се тврди дека негова следна дестинација ќе биде Милано.
Ниту Реал Мадрид, а ниту Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус не излегоа како победници во трката за потписот на Ериксен. Клубот за којшто Ериксен ќе потпише е Интер. Нероаѕурите ќе платат само 20 милиони евра, што е „ситно“ во однос на сумата која првиот човек на Тотенхем Даниел Леви ја бараше пред само една година (100 милиони евра).
На Ериксен му истекува договорот со Петлите во јуни, но нему му се брза за преселба надвор од Лондон, така што до крајот на зимскиот трансфер период овој ангажман треба да се оствари.