Ниту Самарџиев не му помогна на Работнички, „неговиот“ Еуро Никел од Скопје си замина со победа

Кошаркарите на Еуро Никел со 74:70 го совладаа Работнички во шестото коло во Првата македонска кошаркарска лига. Ова е трет пораз за најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, а не му помогна ниту новиот тренер Горан Самарџиев кој изминатите години седеше токму на клупата на Еуро Никел.

Кошаркарите на Работнички единствено во првата четвртина имаа на мечот, а последно им беше 18:16, по што кавадарчани со четири поени по ред ги добија првите 10 минути.

Во втората четвртина предноста на Еуро Никел се движеше од два до шест поени, а на одмор се замина со 28:33, за во третиот период за првпат да дојдат и до двоцифрена предност (41:51). Најголемата предност за Еуро Никел изнесуваше 15 поени (45:60), но тимот од Градски парк не се предаде и во последната четвртина успеа да израмни на 65:65. Но, потоа следеше мини серија од 0:5 на гостите.

Во последната минута Работнички се приближи на 70:72 и имаше неколку напади за да израмни или поведе кои не ги искористи по што точка на натпреварот стави Меквен со двата поени од линијата за слободни фрлања на две секунди до крајот.

Дубински со 23 поени беше најдобар кај Еуро Никел, додека кај Работнички се истакна Триш со 17 поени.
Вардар со 102:91 славеше над ФМП Академија и ја оствари третата победа во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести