Ниту Заха, ниту Пепе – Арсенал го купува најдобриот стрелец од Копа Америка

Арсенал, по сите изгледи, го смени планот и се откажува од потписите на Вилфрид Заха од Кристал палас и Николас Пепе од Лил. Двете цели се прескапи за Топчиите, па затоа се одлучија на поевтина варијанта, а ја најдоа во редовите на бразилски Гремио.

Станува збор за најдобриот стрелец на Копа Америка, Евертон Соарес. Претставници на Арсенал наводно се веќе во Бразил, каде што ги започнале преговорите за трансфер на Евертон, а дури и самиот фудбалер се пофали дека има понуда на маса, но не го откри индентитетот на клубот.

„Можам само да кажам дека имам понуда, но не можам да откријам за кој клуб станува збор. Исто како што не можам да ветам дека ќе бидам дел од составот на Гремио во следниот меч од првенството против Интернационал“, истакна Евертон за бразилските медиуми.

Откако дознаа дека и за Заха и за Пепе ќе треба да издвојат по 80 милиони евра, што е надвор од границите на буџетот на Арсенал, тие се одлучија да ја доведат желбата на Милан и Атлетико Мадрид. Евертон по завршувањето на Копа Америка, стана интересен за неколку европски клубови откако импресионираше за Кариоките и со три погодоци се закити со трофејот за најдобар стрелец на шампионатот по освоената титула.

- Оглас -

Најнови вести