5.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Нивниот тим водеше со 3:1, но загуби со 4:3, па решија да го демолираат апартманот (Видео)

Феенорд претрпе болен пораз во Лигата на Европа, откако на гостувањето кај романскиот ФЦСБ во Букурешт загуби со 4:3. Феенорд водеше со 3-1, но романскиот тим направи голем пресврт и на крајот славеше со 4-3. Разочарани од спортскиот неуспех, дел од навивачите на Феенорд ги надминаа сите граници за нормално однесување.

Неколку поединци решија своите фрустрации по поразот да ги искажат на најлош можен начин. Тие целосно го срушија станот што го изнајмиле во романската престолнина.

Шокантните снимки брзо се проширија на социјалните мрежи, покажувајќи го обемот на уништувањето. Хулиганите кршат мебел и друг интериер, дури рушат и дел од ѕидот, а станот буквално го руинирале.

Ова беше втора победа на ФЦСБ во лигашката фаза и прва по четири последователни порази. Романскиот тим е на 27 на табелата во Лигата на Европа со шест бода, а во следната рунда ќе гостуваат кај Динамо на Максимир во средината на јануари.

- Оглас -

Најнови вести