Низ Балканот се чисти снег, ќе има одложени мечеви?

Дербито од српската Суперлига помеѓу Чукарички и Црвена Ѕвезда можеби нема да се одигра во закажаниот термин од 15 часот, затоа што теренот на Баново Брдо е покриен со снег. Утрово почна акција за чистење, но според српските медиуми, има малку луѓе, и според темпото на чистење, тешко дека до 15 ќе се создадат нормални услови за одигрување на натпреварот.

Дел од теренот веќе е исчистен, но поголем дел не е, а потребно е со камиони да се однесе и купот од снег кој се собра на страна. Истотака и трибините се под бела покривка. Дали ќе се игра, ќе се знае во 14 часот, а одлуката ќе ја донесат делегатот, судиите и капитените на двете екипи.

Снег падна и во Хрватска. Во Осиек, навивачите за три часа речиси го исчистиле снегот, но не се знае дали средбата на Осиек со Интер Запрешиќ ќе почне во 13 часот. Оваа средба првично беше закажана за вчера, па презакажана за денеска.

 

- Оглас -

Најнови вести