Доделувањето на Златната топка, која ја доделува реномираниот француски весник „Франс фудбал“, е највредното индивидуално признание за фудбалерите. Оваа година приматот го доби шпанскиот репрезентативец Родри, кој со националниот тим стана европски првак, а со Манчестер сити ја освои титулата во англиската Премиер лига.
Многумина реагираа на оваа одлука затоа што сметаа дека Винисиус јуниор од Реал Мадрид требало да биде награден, но Бразилецот на крајот заврши на второто место во рангирањето.
Во лавината реакции околку Златната топка, шпанските медиуми потсетија дека постои и Супер златна топка. Низ историјата, досега само еднаш е доделена ваква Супер златна топка.
На 26 декември 1989 ова посебна награда, Супер златна топка, ја освои Алфредо ди Стефано. Таа година Златната топка ја освои Марко ван Бастен, што беше втора од неговите три вакви признанија.
Покрај таа Златна топка во 1989 година, имаше избор од шестмина супер ѕвезди, и тоа Ди Стефано, Јохан Кројф, Мишел Платини, Франц Бекенбауер, Кевин Киген и Карл-Хајнц Румениге. На крајот Ди Стефано беше најдобар, пред Кројф и Платини. Легендата на Реал Мадрид ја освојуваше Златната топка трипати, и тоа во период од 1957 до 1959 година.
Во 2029 година, кога треба да биде доделена следната Супер Златна топка, главни фаворити ќе бидат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.