Низата продолжи: Најслабата репрезентација во светот веќе 139 меча не знае за победа, но овојпат не загуби

Репрезентацијата на Сан Марино одигра 0:0 против Сент Китс и Невис во контролен меч. Фудбалерите на Сан Марино може да бидат задоволни затоа што оваа европска репрезентација прв пат во последнве година и пол успеа да остане непоразена. Пред ова реми, Сан Марино имаше 12 порази по ред, што и не е некое чудо ако се знае дека се работи за најслабата репрезентација во светот.

Сан Марино е на последното 210 место на ФИФА ранг листата и тоа е сосема заслужено ако се знае дека неверојатни 139 средби по ред немаат победа. Последен пат Сан Марино триумфирал во април 2004 година и тоа со 1:0 против Лихтенштајн, што значи дека цели 20 години немаат победа.

Интересно е дека Сан Марино против денешниот ривал, Сент Китс и Невис играше и пред пет дена, кога загуби со 1:3. Со ова реми без голови, Сан Марино ја прекина рекордната низа од четири дуели со погодок. Освен против Сент Китс и Невис пред пет дена кога погодија во поразот од 1:3, тие се израдуваа на по еден погодок и на средбите против Данска (1:2), Казахстан (1:3) и Финска (1:2).

- Оглас -

Најнови вести