Нкунку дефинитивно заминува од „Стемфорд бриџ“

Францускиот напаѓач Кристофер Нкунку ќе биде еден од првите играчи кои ќе го напуштат Челзи во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

Нкунку пристигна во Челзи како скапо платено засилување со големи очекувања, но честите и тешки повреди го спречија да влезе во ритам и да покаже зошто беше доведен. Новиот менаџер Енцо Мареска нема доверба во него, а клубот не гледа логика да држи скапоцен играч надвор од ротацијата. Затоа, се работи на негов траен трансфер, позајмица не е опција, и Челзи и играчот сакаат конкретен договор.

Баерн Минхен веќе претходно покажа интерес за Нкунку а и сега продолжува да го следи неговиот статус, иако не е приоритет. Венсан Компани сака да донесе алтернатива во нападот, со оглед на тоа што Матис Тел е на позајмица во Тотенхем, а Томас Милер го напушта клубот.

За Нкунку има интерес уште од неколку европски клубови и со разумна цена од Челзи сигурно ќе го реализира своето заминување од „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести