Напаѓачот на Челзи, Кристофер Нкунку, разгледува нови опции и би можело да го напушти „Стемфорд бриџ“ веќе во јануари. Францускиот фудбалер во моментот не добива доволно минути под водство на менаџерот Енцо Мареска, освен во Конференциската лига, која не е приоритет за клубот.
Нкунку е најдобар стрелец на Челзи оваа сезона со 10 гола, но поголем дел од нив се постигнати во квалификациите и натпреварите од Конференциската лига, дури шест гола, потоа два во Лига купот, а само еден во Премиер лигата.
Се појавија шпекулации дека Манчестер јунајтед би можело да го откупи неговиот договор, а интерес за него покажува и Пари Сен Жермен, клуб со кој Нкунку веќе беше поврзуван и претходно.
Челзи инвестираше 60 милиони евра за неговиот трансфер, но поради моменталната ситуација, тешко ќе ја врати целата сума, што би можело да биде поволно за Манчестер јунајтед и ПСЖ.