Нкунку и голманот Санчес се хероите на Челзи, на мечот беа доделени 16 жолти картони (Видео)

На Кристофер Нкунку му требаа само седум минути по влегувањето во игра да даде гол и да му донесе победа на Челзи од 1-0 на гостувањето кај Борнмут. Голот на Французинот погледнете го ТУКА.

Џејдон Санчо дебитираше за Сините со асистенција, а јунак на Челзи беше и голманот Роберт Санчес кој одлично го одбрани пеналот на Еванилсон при 0-0 во 38-мата минута.

На овој меч судијата додели 15 жолти картони за фудбалерите и еден за тренерот Енцо Мареска. Ова е рекорд во историјата на Премиер лигата по број на доделени картони на еден меч.

- Оглас -

Најнови вести