Тренерот на Милан, Масимилиjано Алегри, ќе може да смета на Кристофер Нкунку за претстојното градско дерби в недела, особено поради здравствените проблеми на Кристијан Пулишиќ.
Нкунку постепено се враќа во форма и од почетокот на годината имаше неколку солидни настапи. Во последниот натпревар против Кремонезе се истакна со асистенција, а покрај тоа, демонстрираше и одлично разбирање со Рафаел Леао на теренот, што може да биде клучно за креативноста и продуктивноста на Милан во дербито.
Се очекува Алегри да го искористи Французинот како дел од офанзивниот план за дербито. Ова е последната шанса за Милан со успех во градското дерби да се приклучи повторно во трката за шампионската титула во Италија.

