26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Нкунку не се снајде најдобро во Премиер лигата, по две сезони се враќа во Германија

Кристофер Нкунку пред само две сезони се пресели од Лајпциг во Челзи за сума од 60 милиони евра и потпиша договор до 2029 година. Сепак, се чини дека не се снајде баш најдобро во Премиер лигата, па сега ќе следува негово враќање во Бундес лигата.

Раководството на Баерн Минхен веќе ги има започнато преговорите за негов трансфер, а обесштетувањето се очекува да биде помало од неговата моментална вредност, која изнесува 35 милиони евра.

Челзи има навистина голем ростер и сака да се ослободи од дел од фудбалерите кои не се во прв план кај Енцо Мареска, па продажбата на Нкунку и тоа како добро ќе им дојде.

- Оглас -

Најнови вести