Ноември е тмурен месец за Анчелоти

Манчестер јунајтед му го нанесе третиот пораз во низа на Евертон во Премиер лигата со сигурните 3-1 на „Гудисон парк“, па така Карло Анчелоти претрпе разочарување како што не доживеал цели 14 години.

На популарниот Дон Карло воопшто не му оди во ноември, бидејќи ова е вторпат во тренерската кариера токму во овој месец негова екипа да запише три лигашки порази.

Претходно како тренер на Милан, во ноември 2006 година Анчелоти трипати едноподруго беше поразен во лигашки рамки.

- Оглас -

Најнови вести