Ногата на играчот на Реал Мадрид изгледа ужасно, а судијата за фаулот не покажа ни жолт картон (Фото)

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марвин, синоќа против Гранада беше жртва на еден многу груб фаул, по што мораше да излезе од игра на полувремето. Од повторените снимки се виде дека стартот на Венецуелецот Дарвин Мачис беше многу опасен, можеби дури и за црвен картон, а судијата Хил Мансано на Мачис не му додели ниту жолт картон.

Во шпанските медиуми се појавија фотографии од изгледот на ногата на Марвин кој играше како десен бек. Посекотината е огромна, и не се знае дали Марвин ќе може да игра на некој од последните мечеви сезонава.

- Оглас -

Најнови вести