Нојер: Баерн може да го стигне Дортмунд

Во пресрет на мечот против Штутгарт (недела, 15:30 часот) во рамките од 19-тото коло во Бундеслигата, голманот на Баерн Минхен Мануел Нојер, смета дека бодовната разлика со Борусија Дортмунд не е недостижна, и дека Баерн до самиот крај на првенството ќе се бори за шампионската титула.

„Ниту Дортмунд се непобедливи, ниту разликата од шест бода не е недостижна. Ние сме Баерн Минхен, не се предаваме предреме, има уште многу да се игра и веруваме дека до крајот на сезоната можеме да стигнеме до шампионската титула. Во првиот дел од сезоната се виде дека Дортмунд има доста слабости“, истакна Нојер.

„Милионерите“ по 18 првенствени меча имаат 45 бода, шест повеќе во однос на германскиот првак, кој со 39 бода стои на второто место. Фортуна Дизелдорф беше екипата која им го нанесе првиот пораз (2-1) во шампионатот оваа сезона, и тоа во последниот меч од првиот дел во Бундеслигата, пред зимската пауза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести