Нојер имаше голманско шоу во Мадрид, а повеќе одбрани во ЛШ забележа пред девет години, исто така на „Бернабеу“

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, имаше фантастични девет одбрани во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1-2) и заслужено го доби признанието за „играч на натпреварот“. Ова е најдобриот настап на 40-годишниот Германец во елиминациската фаза на Лигата на шампионите во последните девет години. Во април 2017 година тој блесна со 10 одбрани во четвртфиналниот натпревар, повторно против Реал Мадрид.

Дури и кога Килијан Мбапе конечно постигна гол, Нојер, наизглед во безнадежна ситуација по шут од близина, сепак беше блиску до одбрана.

На „Бернабеу“ синоќа Нојер се доближи до совршенството и одигра речиси перфектен натпревар. Единствениот недостаток беа неколку лоши додавања во првото полувреме, едно од нив доведе до шанса за гол за Мбапе, но ветеранот потоа се реваншира и со одлична одбрана.

Сè уште не е јасно дали оваа сезона ќе биде неговата последна во кариерата. Тој сѐ уште е фантастичен на голот и извори од клубот велат дека Баерн е подготвен да му понуди уште еден договор. Сепак, последниот збор дали ќе продолжи ќе го има самиот Нојер.

- Оглас -

Најнови вести