Нојер ја скрши ногата, а сега доби и жестоки критики

Мануел Нојер има период за заборав. Еден од најдобрите голмани во светот неславно помина со германската репрезентација на Светското првенство во Катар, откако Панцерите беа елиминирани уште во групната фаза. По заминувањето од Катар, Нојер решил да замине на зимување, каде доживеа нова неволја.

Додека Скијал, Нојер незгодно паднал и ја скршил ногата. По направената операција, било констатирано дека голманот ќе паузира најмалку шест-седум месеци, што значи дека за него оваа сезона е завршена.

По повредата на Нојер со реакција се јави некогашниот играч на Баерн Минхен, Маркус Бабел, кој реши жестоко да го искритикува голманот поради непрофесионализам.

„Бев шокиран. Првично му посакувам брзо закрепнување, но не ми е јасно како можел да скија кога се знае дека тоа е опасен спорт. Затоа бев многу изненаден. Голем дел од клубовите ставаат во договорот клаузула дека фудбалерите не смее да играат друг спорт посебно ако тој е опасен, а скијањето е такво. Од Нојер јас очекувам да биде многу попрофесионален“, вели Бабел.

- Оглас -

Најнови вести