Реал Мадрид и Баерн Минхен приредија вистински спектакл на „Сантијаго Бернабе“ со низа шанси за гол на двете страни, но и триумф на „баварците“ од 1-2.
Иако головите беа дело на Луис Дијас и Хари Кејн, сепак играч на натпреварот е голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој иако има полни 40 години, сепак, покажа светска голманска класа и со осум фантастични интервенции ја сочува победата на „баварците“.
Баерн имаше водство од 0-1 на полувремето со голот на Луис Дијас во 41-вата минута, а Хари Кејн по само 20-тина секунди во вториот дел зголеми на 0-2.
Почесниот погодок за „кралевите“ беше дело на Килијан Мбапе во 74-тата минута.
Вториот четвртфинален меч од Лигата на шампионите кој се одигра вечерва им припадна на фудбалерите на Арсенал со минимални 0-1. Иако Спортинг имаше повеќе, но и подобри шанси за гол и за победа, сепак Хаверц во 91-вата минута донесе триумф за „топчиите“.

