Нојер најави дека ќе си замине од Баерн, не знае каде, но знае каде нема да оди

Голманот на репрезентацијата на Германија и на Баерн Минхен, Мануел Нојер, и на 38-годишна возраст не размислува за крај на кариерата. Тој има уште една година од договорот со Баварците, но нема да биде изненадување доколку биде продаден уште летово.

За заминување размислува и самиот голман, кој уште сега знае каде не би заминал.

„МЛС-лигата е една од опциите. Разговарав со Бастијан (Швајштајгер), кој играше таму. Сепак, таквите одлуки се носат по долго и детално размислување. Мана е што има многу терени со вештачка трева, а тоа е лошо за голманите, но МЛС секако е примамлива за мене. Иако никогаш не треба да се рече никогаш, но една работа е јасна, а тоа е дека никогаш не би потпишал за клуб од Саудиска Арабија или Катар“, вели Нојер.

Мануел Нојер во Баерн Минхен пристигна во 2011 година од Шалке за 30 милиони евра и стана вистинска легенда на Баварците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести