Нојер си ја собра мрежата од „Луж“ како сувенир (Фото)

Еден од најзаслужните за победата на Баерн Минхен над ПСЖ, а сигурно и најзаслужен што Баварците не примија гол во финалето на ЛШ во Лисабон е голманот Мануел Нојер, кој потсети на своите најдобри години и докажа дека уште е еден од најдобрите светски голмани. Капитенот на Баерн за спомен и пријатно сеќавање реши дома да си ја понесе мрежата од едниот гол на стадионот „Луж“.

Нојер грабна една ножица, почна дел по дел да ги сече јазлите и на крајот целата мрежа ја извлече и си ја понесе со себе во Минхен. Поубав сувенир и не можеше да си земе. Мрежата која не му беше затресена секогаш ќе го потсетува на шестата континентална титула на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести