Мануел Нојер е голманот со најголем број натпревари во историјата на европските првенства. Тој е стартер за Германија и на вечерашниот меч против Швајцарија, што е негов 18. натпревар на европските првенства.
Со тоа Нојер го надмина легендарниот Италијанец Џанлуиџи Буфон, кој имаше 17 настапи на европските првенства и досега двајцата го делеа првото место.
На третата позиција во ова рангирање е холандскиот голман Едвин ван дер Сар со 16 настапи на европските првенства.
18 – This is Manuel Neuer’s 18th appearance at the UEFA European Championship, the most among goalkeepers in the history of the competition:
Neuer 18
Buffon 17
van der Sar 16
Legend. #SUIGER #EURo2024 pic.twitter.com/aNifutvL1e— OptaFranz (@OptaFranz) June 23, 2024