Ноќ на гостите во ЛШ, Јунајтед ја спаси честа на домашните екипи (Видео)

За разлика од првото полувреме, вториот дел од натпреварите од Лигата на шампионите понудија многу поефикасен фудбал и девет гола, за разлика само од два во првите 45 минути. Гостите забележаа победа дури на четири од шестте натпревари, додека единствената домашна победа ја обезбеди Манчестер јунајтед со минимални 1-0 против Копенхаген. Единственото реми вечерва го одиграа екипите на Ленс и ПСВ (1-1).

Македонскиот репрезентативец Елиф Алмас доби 45 минути во победата на Наполи на гости кај Унион Берлин откако во игра беше уфрлен на полувремето. Единствениот погодок за Наполи беше дело на Распадори во 65-тата минута.

Реал Мадрид од победата од 1-2 на гостувањето кај Брага остана со максимален учинок по три натпревари во Лигата на шампионите. Творци на победата за Кралевите беа Родриго и Белингам.

Хари Мегваер е спасителот на Манчестер јунајтед откако во 72-рата минута го постигна единствениот погодок на мечот против Копенхаген, кој значеше и победа од 1-0 за Црвените ѓаволи.

Резултати:

Бенфика – Реал Сосиедад 0-1
Брага – Реал Мадрид 1-2
Ленс – ПСВ 1-1
Манчестер јунајтед – Копенхаген 1-0
Севиља – Арсенал 1-2
Унион Берлин – Наполи 0-1

- Оглас -

Најнови вести