Двете гостински екипи успеаја да направат брејк на синоќешните натпревари од плејофот во НБА, па сега и двете серии се израмнети, 1-1.
Никола Јокиќ дојде до трипл-дабл од 26 поени, 12 скока и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно за да спречи домашен пораз од ЛА клиперс со 102-105. Леонард со 39 поени беше предводник на гостите, па сега серијата се сели во Лос Анџелес.
Клучен период за победата на Клиперси беше втората, која ја добија со 21-30 и така не само што ги надополнија оние минус шест од првиот период, туку дојдоа и до предност која успеваа да ја сочуваат до крајот.
Сличен епилог имаше и вториот меч, на кој Детриот славеше како гостин над Њујорк со 94-100. Гостите одиграа одлично во првта четвртина, а до крајот на мечот ниту една екипа не успеа да добие некоја од четвртините со повеќе од два поени.
Брансон со 37 поени беше најефикасен на мечот, додека во победничкиот состав Канингхам уфрли 33 поени.